МЕТРОПОЛСВЕТ

Револуционерно откритие: Јаглен-диоксид претворен во авионско гориво

Научниците од Универзитетот во Оксфорд можеби најдоа начин да го намалат загадувањето предизвикано од воздушниот сообраќај. Тие успеале да претворат јаглерод диоксид (СО2) во гориво со нула емисии на токсични гасови.

Техниката се состои од загревање мешавина од лимонска киселина, водород и катализатор составен од железо, манган и калиум, со цел да се претвори јаглерод диоксид во течно гориво за авиони, пренесува engadget.

Таквиот пристап е ефтин, едноставен и користи материјали какви што има во изобилство и е значително поевтин од процесот на претворање на водород и вода во гориво.

Горивото во моментов се произведува само во лабораториски услови и во минимални количини (само неколку грама), но е голем напредок во производството на горива што не ја загадуваат животната средина.

Се разбира, комерцијалната употреба бара многу работа и подобрување на техниките и процесите. Во моментов, не е пронајден начин за ефикасно собирање огромни количини на јаглерод диоксид.

Се разбира, комерцијалната употреба бара многу работа и подобрување на техниките и процесите. Во моментов, сѐ уште не е пронајден начин за ефикасно собирање огромни количини на јаглерод диоксид.

Научниците бараат индустриски партнери, што ќе им овозможи масовно производство. Ако успеат во тоа, би можеле да добијат алтернатива што ќе биде исклучително популарна за авиокомпаниите.

Авионскиот сообраќај полека преминува кон почисти извори на енергија, а многумина исто така планираат да купат електрични авиони или авиони што користат друг вид на гориво.

Предноста на овој метод е што не е потребно да се менува авионот бидејќи постојните мотори можат да користат гориво базирано на јаглерод диоксид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button