ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ригорозни казни за работа во недела и за неисплата на дневници

Законот за недела неработен ден на хартија е одличен, но експертите се сомневаат дека целосно ќе се практикува на терен. Двојната дневница за работа во викенд или за прекувремени часови, не се исплаќаше ни досега  – коментираат професори по трудово право. За да има успешна имплементација неизбежни се засилените контроли од инспекциите и зголемени надлежности.

„За да се спречат злоупотребите мора да се базира на една поинаква основа според мене а тоа е зголемување на надлежностите на трудовиот инспекторат во инспекциите и надзорот во примената на одредбите. Бидејќи во спротивно какви и да донесеме одредби за сите недела да е неработен ден ние ако немаме контрола на практичната имплементација ќе имаме проблем како и досега. Оттука сум скептичен во практичната имплементација на овие одредби“, рече Лазар Јовевски- Професор по трудово право.

Од инспекторатот за труд најавуваат засилени контоли по нова година. Непочитувањето на недела неработен ден ќе ги стави под клуч и до 30 дена обектите во кои не се почитува овој закон. Сите работодавачи чии капацитети ќе работат во недела ќе имаат должост листата со бројот на вработени од тој ден да ја досстават до инспекторатот за да нема злоупотреби.

„Секој работодавач има обрска да го извести државниот инспекторат за труд. Известувањето потребно е да се содржи податоци на извршување на работата, опис на работниот процес и број на работници кои ќе работат во недела“, изјави Весна Томевска- Инспекторка од инспекторат за труд.

Апелот до работниците од трудовата инспекција е да пријавуваат доколку не им е исплатена повисока дневница или работат во недела, иако во Законот не се меѓу дејностите кои се исклучоци. Дел од стопанските комори најавија преиспитување на уставноста за овој закон, бидејќи според нив огромни штети  ќе претрпат компаниите. Со законот се предвидува 92 проценти од работниците да одмаараат во недела, а тие што ќе работат ќе добијат најмалку 50 проценти повисока дневница и слободен ден за одмор кои ќе може да се користи во следните седум дена.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button