ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД и ЕУ со заедничка изјава за Западен Балкан: Да нема повеќе одложувања и итно да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија

Соединетите американски држави и Европската унија упатија апел до Европскиот совет да ги отвори преговорите со Северна Македонија и со Албанија без одлагање. Заедничката изјава беше објавена по состанокот помеѓу секретарот Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Борел. По овој состанок, САД и ЕУ се согласија дополнително да го зајакнат нивниот заеднички ангажман за поддршка на Западен Балкан за напредокот на кон европскиот пат.

„Ја подвлекуваме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Приемот во ЕУ, деклариран приоритет за целиот Западен Балкан, помага во консолидација на демократските институции, заштита на основните права и унапредување на владеењето на правото. Овој регион припаѓа на Европската унија. Поблиската интеграција ќе ја зголеми стабилноста и ќе придонесе за просперитетот на луѓето од регионот. Во овој контекст, нагласуваме дека пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија мора да започнат без одлагање“, се наведува во заедничката изјава на САД и ЕУ.

Тие ја нагласуваат важноста на дијалогот со посредство на ЕУ, за сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово. По последните недели тензии во северно Косово, тие ги охрабруваат двете страни да се посветат на избегнување дејствија што ја загрозуваат стабилноста. САД и ЕУ се обединети во нивната силна поддршка за територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, истовремено повикувајќи ги сите политички сили во Црна Гора да работат заедно за да ја одржат стратешката ориентација за иднината кон ЕУ.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button