ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ најавува зголемување на парламентарното мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески попладнево на прес конференцијата во Собранието изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека ќе расте. На прашањето дали имаат 61 пратеник рече дека дека не само што имале туку дека парламентарното мнозинство ќе расте, но без да каже дополнителни детали.

„ Дозволете случувањата кои што ќе бидат во текот на утрешниот ден да ги добиете од оние кои што треба да ги соопштат, а јас секако како парламентарец и како координатор на пратеничката група во следниот период ќе излезам со сите нив заедно“, рече Митрески.
Претходно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата пред Собранието на прашањето дали власта сега има мнозинство рече дека не би го чудело да направат „мнозинство и поголемо од ова“.

Тој ја обвини власта за притисоци врз пратеникот од Беса Кастриот Реџепи кој претходно го поддржа најавеното мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ денеска не се појави во Собранието, со што не успеа обидот на опозицијата да собере 61 пратеник за да направи кворум и да почне седницата на доверба на владата. Пратениците од владејачкото мнозинство не влегоа во собраниската сала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button