ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се бара укинување на задолжителниот ПЦР тест за влез во државата

Да се укине потребата од приложување на сертификати односно пцр тест за влез во Македонија, за да не пропаднат  турите со странски гости од соседните држави, кои во Охрид и Струга треба  да дојдат за за престојните Велигденски и Првомајски празници, бараат од туристичкиот сектор.

„Гледаме дека и околните земји и другите земји, некои ги олабавуваат, некои скрос ги тргнаа ограничувањата и мерките против ковид 19, а кај нас на влез се бараат потврда за вакцинација и друго. Мислам дека со тоа може да се нанесе голема штета, ако знаеме дека во околните земји и во Србија и Црна Гора, тие мерки се укинати“, изјави Владо Суклоски-туристички работник

„Добро е да се размисли под итно, за укинување на мерките во државата, затоа што ни се ближат празниците, како и туристичката сезона, која треба да биде успешна по најавите кои ги имаме. Сето тоа додава еден дополнителен трошок и дополнителна тензија кај туристите“, изјави Јаким Маленко-сопственик на туристичка агенција

Треба да се следат примерите од околните дестинации, велат од туристичкиот сектор.

„Еден пцр тест во Црна Гора чини 60 евра, а аранжманот дводневен и тродневен е 70 евра.Ако веќе се олабавуваат некои мерки во кафичи, ресторани итн, тоа е добро, но за да дојде туристот, на граница треба да се ослободат и тие мерки“, изјави Владо Суклоски-туристички работник

Од секторот велат дека покрај коморите, најгаласни во овие барања треба да бидат градоначалниците на Охрид и Струга. Инаку, Комисијата за заразни болести, за сега нема препорачано укинување на ваквите мерки, а нема ниту најава дека тоа би можело да се случи наскоро. /Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button