ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се чини дека само одредбите за финансирање на изборната кампања ќе бидат изменети во Изборниот законик

Политичките партии кои се дел од преговорите за Изборниот законик начелно се согласија да ги регулираат одредбите за финансирање на кампањата, да го ограничат износот на донациите за целите на кампањата, пријавување на безготовински донации и ограничување на времето за пријавување на овие донации.  Ова беше една од препораките на ОБСЕ-ОДИХР. ОДИХР побара регулирање на финансирањето на кампањата на социјалните мрежи, за што Алсат дознава дека партиите  исто така се договориле. Нејасно е дали партиите се договориле за распределба на буџетски средства за финансирање на кампањата, бидејќи ОДИХР процени дека сегашниот модел ги фаворизира трите најголеми партии, СДСМ, ВМРО и ДУИ. Во прашање е и евентуалната промена на одредбата за мандатот на членовите на ДИК.

Според министерот за правда, Маричиќ, конкретните предлози за кои постои консензус треба да бидат доставени до Собранието во текот на оваа недела.

Додека траат разговорите за можни промени, ДИК продолжува со подготовките за локалните избори во октомври. Според оваа институција и според препораките на меѓународните фактори, промените мора да се направат најмалку шест месеци пред изборите. До октомври останале уште четири месеци.

„Ние, како ДИК, сме навикнати на тоа измените во Изборниот законик  да се прават на два дена пред избори, или како што се случи последниот пат, промените беа направени во саботата, а изборите беа објавени во недела. Ќе направиме се изборите да бидат организирани легално и демократски. Сепак, би било добро промените да се случат шест месеци пред изборите. Мислам дека би било олеснување како за ДИК, така и за самите граѓаните изборите да бидат подготвени навреме“.

Новина на овие избори ќе биде примена на терминали за отпечатоци за идентификување на гласачите. Во тек е постапката за јавна набавка на овие уреди, која ќе трае до почетокот на јули. Изборните совети и општинските изборни комисии треба да поминат обука за употреба на овие уреди, вели потпретседателката Дитмире Шеху.

„Се надеваме дека во временските рокови предвидени со закон, да се заврши тендерската постапка и испораката на опрема, како и хардвер и софтвер, и да се спроведе обука на општинските комисии и изборните совети“.

Засега нема политички договори за отворени листи на локалните избори, иако јавно сите се „за“. Во меѓувреме, на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за еден изборен круг на локалните избори се спротивставуваат повеќето субјекти во преговорите и тешко е дека за ова ќе биде постигнат некој договор.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button