ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се празни Ковид центарот во Гостивар

„Ковид“ центарот во Гостивар се празни. По затворањето на модуларната болница, бројот на пациенти на инфективното одделение е мал. Ситуацијата во овој регион се подобрува. Според лекарите, бројот на граѓани кои бараат лекарска помош е намален за 70 проценти. Слична е ситуацијата и во Тетово. Амбулантските контроли се намалени од 30 на само 11, додека последните пациенти се со блага клиничка манифестација на болеста.

„Имаме и пет пациенти во инфективната болница кои дојдоа порано. Бројките во моментов се намалуваат. Постојат активни случаи, но тие се многу малку. Бројот е значително намален кај прегледите, така што бројот на оние што доаѓаат на амбулантски прегледи е намален за 70 проценти. На 1 октомври, модуларната болница се затвори, така што нема продолжување таму. Во последните 24 часа само еден пациент ја изгубил битката со ковид 19“, рече Лирим Беќири- дежурен во инфективното одделение Гостивар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button