ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сечата на Шара сѐ уште останува отворено прашање

Иако беше ветено дека во рок од две недели ќе се реши проблемот со сечењето огревни дрва, Националниот парк „Шар планина“ сѐ уште целосно ја нема завршено оваа постапка.

„Во процес сме на имплементација на тој план кој се однесува на стопанисување со дрвната маса во Шара. Процедурата продолжува, па за оваа сезона жителите на Шара нема да имаат проблем со снабдувањето со дрвна маса. На некои места може да се почне со сечење, жителите на Лисец или Селце доколку се подготвени од денеска можат да се снабдат додека во некои други села во наредните недели или месеци секако ќе бидеме подготвени да им дадеме соодветната документација за набавка на дрвна маса“, рече Ибрахим Дехари – директор на Националниот парк – Шар планина.

Жителите се жалат дека со новата регулатива на Националниот парк не можат да сечат дрва за зима и бараат да се поедностави процедурата за собирање на документи, која е долга и скапа.

„Во државен имот нема што да се дискутира, не ни размислуваме, но не не пуштаат во нашите имоти. Како ќе го направиме тоа? Како и секоја година со многу проблеми. Ретко кој има регулиран имот. Треба да има олеснување, да не се бараат толку документи“…

„Твоја планина, твоја земја ама не дозволуваат. Моментално само во висорамнините, мака мачиме. Ако те фатат на црно, илјада евра казна, но што да правам, немам ни плата, ни пензија. Бараат многу документи кои чинат многу пари. Бараат скица, па елаборат и на крај остануваат десетина метри дрва“, реагираат жителите.

На жителите не им се дозволува да сечат дрва, поради немање карта за сеча и поради нерегулирање на сопственоста на земјиштето.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button