ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Семејството на Алмир Алиу ќе бара правда во Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права во Стразбур е адресата на која семејството Алиу од Куманово ќе бара правда за убиството на нивниот 4 годишен син Алмир. Одбраната на семејството подготви два предмета. Адвокат Ибраим Бајрами рече дека првиот случај ќе биде за мајката на Алмир како оштетена страна, а вториот за неговиот татко и двајцата роднини како обвинети страни, кои се осудени за насилство. Бараат преквалификација на предметот за двајцата браќа Илиќ, убиство со умисла и физички напад.

„Поднесовме докази што значително ќе влијаат на фактичката состојба, докази што не беа прифатени за време на судските рочишта и други факти што влијаеја во Обвинителството да се сменат правните квалификации и судот да ги донесе тие одлуки. Верувам дека по одлуката на Судот во Стразбур, ќе се создадат услови да се поднесе барање за повторно судење на случајот од почеток”.

 Иако случајот „Алмир“ првично треба да ја чека одлуката на Врховниот суд во земјата, адвокатите велат дека не очекуваат промена на пресудата. Министерот Бојан Маричиќ ја коментираше целата оваа „збрка“ на правосудниот систем на денот кога беше присутен пред затворот во Куманово. Рече дека секогаш има револт за судските одлуки, и повика предметот да биде презентиран пред Судскиот совет, за да ги разгледа процедуралните пропусти на случајот.

 Попладнево и таткото на Алмир, како и неговите двајца чичковци се појавија во затвор за да издржат казна од 6 односно 9 месеци за кривично дело – насилство. Вчера, во истиот затвор обвинетиот за смртта на 4 годишното момче, Бобан Илиќ се појави да ја издржува казната за преостанатите 3 години, во полуотворениот затвор, што наиде на критики од одбраната на семејството на Алмир, кој беше смртно прегазен во јуни 2016 година.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button