СВЕТ

Сеул: Северна Кореја лансираше уште една балистичка ракета

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон нејзините источни води. Информацијата ја соопшти јужнокорејската војска, неколку часа откако Пјонгјанг се закани дека ќе почне сериозни воени одговори на зајакнувањето на сојузништвото на САД со Јужна Кореја и Јапонија, јавија дел од светските медиуми.

Соопштено е и дека Сеул го засили неговиот надзор врз Северна Кореја, истовремено одржувајќи воена подготвеност и блиска координација со САД.

Како што наведуваат дел од медиумите, станува збор за прво лансирање на балистички проектил на Северна Кореја во изминатите осум дена и најново во низата тестови во последните неколку месеци.

Претходно, Северна Кореја соопшти дека дел од тестовите се симулации на нуклеарни напади на јужнокорејски и американски цели.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи предупреди дека неодамнешниот договор на самитот на САД-Јужна Кореја и Јапонија, што се однесува на Северна Кореја, ги прави тензиите на Корејскиот полуостров „непредвидливи“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button