ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сеуште нема инплементација на унифицираниот буквар на албански јазик

Сеуште нема инплементација на унифицираниот буквар на албански јазик

Унифицираниот буквар не се користи во ниту едно од училиштата на албански јазик во Македонија и покрај сензационалните најави на министерот за образование Јетон Шаќири дека истиот ќе стапи во употреба од учебната 2022-2023 година. За разлика од претходните изјави, министерот Шаќири сега вели дека е дозволено Унифицираниот буквар да стане дел од образовниот систем, но треба да се поминат законските процедури за бесплатно да го добијат сите ученици.

„Одобрено е унифицираниот буквар да влезе во нашиот образовен систем, да може да се користи како учебник. Во меѓувреме знаете дека го имаме и законот за основно и средно образование во кој се предвидени сите процедури за одобрување и процедури за набавка на учебници, како букварот би го добиле сите уќеници бесплатно“, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Универзитетскиот професор Џеладин Мурати смета дека нема пречка Унифицираниот буквар да се користи во албанските училишта во Македонија.

„Националниот буквар, ако се имплементира овде, наставниците тешко го спроведуваат. Во Албанија се спроведува, но таму имаат девет часа албански јазик неделно, овде имаме пет часа. Националниот буквар не може да се заврши за пет часа. Нема ништо национално освен ликот на Скендербег, нема ништо од албанските земји. Во два наврати се споменува Тетово и два пати Скопје“, нагласи Џеладин Мурати, универзитетски професор.

Освен Мурати, и други познавачи на албанскиот јазик оценија дека унифицираниот буквар треба да биде примарна литература за основците Албанци во Македонија, а не дополнителна книга. Освен во Албанија, унифицираниот буквар веќе се спроведува и во Косово и во Прешевската долина./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button