ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања по повод пропаѓањето на изградбата на фабриката за електрични автомобили во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања по повод пропаѓањето на изградбата на фабриката за електрични автомобили во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува владејачките партии за неуспех, како што велат, на уште една стратешка инвестиција промовирана со помпезност. Опозициската партија памети дека за промоцијата на фабриката за електрични автомобили „Е-Го“ во пресрет на локалните избори во Тетово беше организирана голема прослава и беа дадени големи ветувања, за отворање на стотици работни места и стотици милиони евра инвестиции. Но, според нив, покрај неуспехот, Владата треба да расчисти што се случило со над 42 милиони евра што би и биле доделени на оваа компанија како државна помош.

„После скоро две години нити почната изградба на фабриката, ни С од стратешка инвестиција, ни 130, ни 720 милиони евра инвестиција, нити 890 добро платени работни места, ниту 4.000 индиректни работни места, ниту 30.000 произведени електрични автомобили годишно, ни ефект на снежна топка, ни бутур, обвинува ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беше соопштено дека нема да се произведуваат електрични автомобил во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, односно дека дирекцијата на ТИРЗ го запиша извршувањето на договорот со кој требаше на овој простор да се изгради фабрика за производство на автомобили според германска лиценца“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата нема овозможено јавен пристап до склучениот договор со компанијата во 2022 година.
Дирекцијата за ТИРЗ пак остро реагира на наводите за злоупотреба на јавни средства за проектот е-Го и тврди дека ниту 1 денар јавни пари не се исплатени кон оваа компанија.

„Ниту 1 денар јавни пари не се исплатени кон оваа компанија. Покажавме дека имаме јасни процедури и капацитет да го заштитиме јавниот интерес и средства, се вели во соопштението на ТИРЗ. Политичката партија ВМРО ДПМНЕ денес фрли јавен сомнеж врз процедурите и капацитетите за реализација на државната помош, кои засегаат не само еден туку над 40 договори што ги спроведува Дирекцијата за ТИРЗ. Со ова, се прави непосреден удар не само врз угледот на компаниите корисници на ТИРЗ, туку и врз животниот стандард на близу 20.000 наши сограѓани кои се директно ангажирани во овие компании“, велат од Индустриска технолошка развојна зона.

Дирекцијата за ТИРЗ вчера соопшти дека договорот за основање на фабриката е раскинат поради банкротот на фабриката „мајка“ во Германија. Од таму рекоа дека ја активирале заштитната клаузула од договорот што значи дека државата нема да дава помош во случај на ликвидација или стечај на компанијата.

Камен-темелникот за изградба на фабриката за електрични автомобили Е-го во Индустриската зона во Тетово беше поставен во август 2022 година. Челницитена ДУИ најавуваа илјадници вработувања./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button