КОШАРКАСПОРТ

Шампионски прстен на Брајант од 2000 година, продаден на аукција

Првиот шампионски прстен на Коби Брајант од 2000 година беше продаден на аукција за 927.000 долари. Славниот ас на Лејкерс, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, му го подари овој прстен на својот татко, кој реши да го продаде.

Прстенот има 40 дијаманти и 14 каратно злато. На него се наоѓа името на Брајант, рекорд од регуларниот дел од сезоната и плеј-офот, како и бројот 8, кој Брајант го носеше во првиот дел од кариерата.

Ова е највисоката сума платена за еден ваков спортски реквизит. Претходниот рекорд го држеше шампионскиот прстен за Бил Расел од 1957 година. Во 2021 година беше продаден за 705.000 евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button