ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шумската полиција го запре сечењето на дрвјата по коритото на реката Пена

Шумската полиција го запре сечењето на дрвјата по коритото на реката Пена, што го вршеше јавно комунално претпријатие Тетово, за превенција од поплави. Директорот на јавното претпријатие Самет Бислими за Алсат изјави дека станува збор за притисоци од централната власт, кои според него секојдневно се зголемуваат.

„Преземавме акција за чистење на коритото што е во надлежност на општината, односно одржување на реката Пена за во случај на поплави реката да не се излее од коритото. Но како и секаде, не кочат и сега не тераат да ја прекинеме работата затоа што имаме право да сечеме, но немаме право да собираме, па според тоа, дрвата треба да ги оставиме во реката. Ја прекинавме работата и утре ќе се договориме тие дрва да ги извлечеме од реката и ќе ги пренесеме во Шумска полиција“, рече Самет Бислими, директор на ЈКП- Тетово.

Контактиравме и со „Македонски Шуми“. Заменик директорот Сафет Мифтари рече дека превентивното сечење на дрвјата за заштита од поплави треба да го прават Македонски шуми, а не Јавното комунално претпријатие. Тој бара од Претпријатието да се обрати до Македонски Шуми со барање за означување кои дрвја треба да се исечат./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button