ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синдикална дилема за 8 Март: Да се купи марула или цвеќе?

Синдикална дилема за 8 Март: Да се купи марула или цвеќе?

Прославата на 8 Mарт го исполни главниот град со народ. Убавото време само ја дополни празничната атмосфера во Скопје. Покрај жените, овој ден најмногу уживаат и трговците со цвеќиња. Но, најскапи подароци се скапата облека и накитот, во зависност од вкусот на подарувачите. Многу млади девојки и не водат сметка за трошоците. Овие денеска имаа среќа да добијат цвеќе, но велат дека почит кон жените треба да се дава секој ден во годината.

„Меѓународниот ден на жената за мене е симболична пригода која се слави на глобално ниво, но мислам дека овој ден е само симболичен затоа што достојната застапеност на жената во сите сфери како што се политиката, бизнисот, медиумите или на други места е императив жената да биде еманципирана и да просперира во сите области на животот“, рече Флутура Џемаили, граѓанка.

„Според мене, денот на жената не треба да се слави само како 8 Март каде ни купуваат цвеќиња и скапоцени подароци, туку треба да се грижат за нас секој ден. Не ни треба скапо цвеќе и подарок, туку ни треба љубов и почит секој ден од годината“, нагласи Фатлинда Мисини, граѓанка.

Постарите дами поинаку гледаат на овој празник, според материјалните можности. Тие велат дека не сакаат нивните сопрузи да трошат премногу во ова време на криза. Роза чини 150 денари, букет 500-1.000 денари, облека или чевли 6.000 и вечера 3.000 денари.

За да ја видиме сметката на дневните трошоци покрај месечните, се обративме и во Сојузот на синдикати кои ја составуваат месечната потрошувачка кошничка. Пресметаа дека за подароци за мајки, сопруги, сестри, ќерки, партнерки, колешки, учителки, професорки и други, секој маж на овој ден троши најмалку 1.000 денари. Трошоците за вечери и друго кај некои може да достигне и до 10.000 денари само за 8 март. Според Синдикатот, не секој може да го прослави овој ден, дури и иронично се вели дека наместо цвеќе подобро е да се купи салата за ручек. Според нив, за четиричлено семејство, од потребните 72.500 денари месечно, сосе изнајмување, за облека остануваат само 8,5%, за рекреација и култура 7,4%, а за ресторани и хотели 6,5%.

Потрошувачка кошничка за февруари Месечно по семејство (ден) Процентуална структура (%)
02 Облека и чевли 4.902 8,5
08 Рекреација и култура 4.245 7,4
10 Ресторани и хотели 3.733 6,5./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button