ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Талат Џафери за гласањето и документите: „Решението не е целосно“

Талат Џафери за гласањето и документите: „Решението не е целосно“

Законското решение со кое им се овозможи на граѓаните да гласаат со документи со старото име, односно со документи кои имале важност 9 месеци пред денот на гласањето, не е целосно, смета техничкиот премиер Талат Џафери. Според него, решението не е фер за голем број граѓани. Имено, согласно законската зимена, граѓаните ќе можат да гласаат со лични карти или пасоши со истечен рок на траење не повеќе од 9 месеци пред денот на изборите, што значи, со пасоши со истечен рок до 24 јули 2023-тата, односно 8 август истата година.

„Решението е делумно, не е целосно. Практично јас и ти, ако имаме документи што истекле 9 месеци пред 24 април, ќе гласаме на 24 април, но што ќе правиме на 8 мај? Затоа што ќе биде подолго од 9 месеци. Всушност, сакајќи да избегнеме исклучок, правиме друг исклучок. Така што решението, доколку се одлучи да се направи со закон, треба да биде отворено за да можат граѓаните да гласаат со истечени документи без разлика кога им истекол рокот на документите. Убеден сум дека ќе се вратат во Владата да побараат решение за истечените документи повеќе од девет месеци“, рече Талат Џафери, технички премиер.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button