ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синдикатот за образование, наука и култура бара вработените во образованието да бидат вклучени во приоритетниот пакет на вработени што треба да се вакцинираа

Синдикатот за образование, наука и култура бара вработените во образованието да бидат вклучени во приоритетниот пакет на вработени што треба да се вакцинираат. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, оценува и дека наставниците можат да се вратат на работа со физичко присуство само откако ќе бидат вакцинирани против Ковид 19. Дотогаш, СОНК е на мислење дека наставата треба да  продолжи од далечина.

Министерката за образование, Мила Царовска, не очекува до крајот на учебната година,  учениците да се вратат на настава со физичко присуство. Царовска рече дека моделот избран за реализација на процесот на учење е стабилен, и не се предвидуваат промени.

Настава со физичкото присуство следат само учениците од прво до трето одделение. И покрај многуте проблеми и големиот број деца кои останаа без настава од далечина, Министерството за образование постојано одговара дека 90% од учениците следат онлајн настава.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button