ВЕСТИСВЕТ

Скандал ја тресе СЗО: 21 вработен обвинети за сексуално насилство врз жени во Конго

Светската здравствена организација (СЗО) се соочува со сериозни обвинувања за сексуално насилство од страна на нејзините вработени врз десетици жени во Демократска Република Конго, а комисијата што го истражува случајот како слаби точки ги посочи „структурните пропусти“ и „индивидуалната негрижа“ на организацијата.

Ова го констатира независната истражна комисија – формирана во октомври 2020 година од страна на генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејсус, која утврдила дека сексуалната злоупотреба била извршена од членови на персоналот, домашни соработници, како и меѓународни членови на тимови задолжени за справување со епидемијата на ебола што ја зафати ДРК меѓу 2018 и 2020 година

Истражителите, кои испрашувале десетици жени на кои им била нудена работа во замена за сексуален однос или, пак, биле жртви на силување.

Комисијата утврдила дека „распространетоста на случаите на сексуална злоупотреба и експлоатација за време на борбата против десеттиот бран на ебола, што ја зголемила ранливоста на ’наводните жртви’, кои не ја добиле потребната помош што е потребна со такво понижувачко искуство“.

Од 83 наводни сторители кои Комисијата ги идентификувала, 21 биле вработени во СЗО.

„Првото нешто што сакам да им го кажам на жртвите и преживеаните е дека ми е жал. Жал ми е за сето она што го претрпевте од луѓе кои беа вработени во СЗО и кои требаше да бидат на ваша услуга и да ве заштитат“, рече Тедрос на прес-конференцијата и призна дека ова е тежок ден за организацијата.

Извор: DW, BBC

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button