ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скандалите на Онкологија немаат крај, нема се плаќало за ноќни смени

Скандалите на Онкологија немаат крај, нема се плаќало за ноќни смени

Во Клиниката за онкологија медицинските сестри и санитарните работници се револтирани затоа што не им се плаќаат часовите за ноќна смена. Една од медицинските сестри, Маја Јакимова, вели дека го застапува целиот колектив и го обвинува организациониот директор Нехат Нухи дека им ги задржува парите. Маја тврди дека поради мобинг била принудена да земе боледување, а ја тужела и Клиниката.

Во документите кои Јакимова ги собрала за судот се покажува дека за последните 10 месеци им биле платени само 8 часа, иако работеле најмалку од 18 до 24 часа дежурство. Таа вели дека досега на Клиниката за онкологија се лекувале пациенти блиски до директорите, за кои воопшто немало ни евиденција во клиниката и секако не плаќале, а обичните пациенти, плаќале високи суми во „кеш“.

Алсат го праша министерот за здравство Беким Сали дали се констатирани други финансиски злоупотреби на Онкологија, каде покрај оставката на медицинскиот директор Никола Васев, на функцијата остана другиот директор Нехат Нухи. Сите клучни документи ги потпишуваа двајцата, што подразбира дека евентуално дисциплинската или кривичната одговорност мора да биде заедничка. Надлежните соопштија дека продолжуваат инспекциите на сите Клиники и оти нема да има селективни разрешувања./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button