ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Централниот регистар не ја почитува правичната застапеност

Централниот регистар не ја почитува правичната застапеност

Централниот регистар ги прекршува уставните критериуми за правична и соодветна застапеност во Скопје и во другите градови. Од 24 сектори кои функционираат во рамките на оваа институција, ниту еден од нив не е предводен од албански кадар. Највисоката позиција на вработен Албанец е „советник“, додека другите подолу се наведени како соработници и помлади соработници. Повикувајќи се на годишниот извештај на Народниот правобранител за 2021 година, правичната и соодветна застапеност е 14,3 отсто.

Извештај на Народен правобранител, Правична и соодветна застапеност во Централниот регистар
Албанци
Избрани или именувани лица Ниту еден вработен 0%
Раководна позиција Ниту еден вработен 0%
Нераководни позиции 45 вработени 16,2%
Вработени во органот 45 вработени 14,3%

Македонци
Избрани или именувани лица 2 100%
Раководни позиции 35 94,3%
Нераководни позиции 277 80,5%
Вработени во органот 314 82,2%

Оваа институција нема функција заменик-директор. Една недела Алсат чека одговор во врска со барањето за разговор со директорката Марија Бошковска, но од службата за односи со јавноста до денеска не добивме никаков одговор. Во Управниот одбор составен од 5 члена има еден Албанец, додека во секторите нема шеф, освен еден кој е ангажиран, но не ужива статус на шеф или раководител на сектор. Истата ситуација се случува и во другите градови. Сликата за правична и соодветна застапеност е слична и во градовите со албанско мнозинство како Тетово, Гостивар, Струга и други. Во системот на административци препорачани се околу 15 вработени, но ниту еден на раководна позиција./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button