ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скендер Реџепи во 2021: „Идеолошки ДУИ е со Белград или Москва“

Скендер Реџепи Зејд, кој денеска заврши во коалиција со Али Ахмети, беше доста гласен против политиките на ДУИ и самиот Ахмети. Така, пред две ипол години од еден митинг во Чаир, Зејд рече дека Али Ахмети и ДУИ идеолошки им припаѓаат на Белград или Москва.

„Ќе ги замолам Али Ахмети и командантот ‘Полжав’ кои се високо на небото, за момент да се симнат на земјата затоа што животот на луѓето не се песни и хумор. Животите на луѓето се болка, тага, трагедија што ја сееја на земја 20 години и 20 години остана на небото со надеж дека ветерот ќе ги однесе таму каде што идеолошки им е местото во Белград или Москва затоа што албанските краишта им припаѓаат на албанските синови“, велеше Реџепи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button