МАКЕДОНИЈА

„Скопје и Тирана заслужуваат да одат напред“

Ниту најавената посета на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, на 28 септември, не се очекува да го реши ќор сокакот во преговорите меѓу Скопје и Софија. Дер Лајен ќе престојува во земјите од регионот како дел од нејзината балканска турнеја. Европските институции потврдија дека ќе се разговара и за спорот меѓу двете земји. Скопје и Софија наведуваат дека остануваат во комуникација на ниво на министерства за надворешни работи и на заедничките историски комисии, меѓутоа нема поместување на нивните позиции.

„Ќе има такви средби во наредниот период. Ќе има со нас и со Република Бугарија. Ние ќе продолжиме да работиме за да најдеме решение. Сметаме дека е важно прашањето да се затвори што е можно поскоро. Останува предлогот на претседателството, што се уште е основа за надминување на разликите во врска со билатералните преговори што ги водиме двете страни“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи (16.02.2021).

Минатата недела во Софија престојуваше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи. Бугарската страна од шефовите на држави на ЕУ побараа да изврши притисок врз Македонија за да ги исполни обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство од 2017 година. Од канцеларијата на еврокомесарот за Алсат не потврдуваат каков бил одговорот на ЕУ на ова барање на бугарската страна.

„Се надеваме на првата меѓувладина средба со Северна Македонија и Албанија, што е можно поскоро. Двете земји ги исполнија условите и заслужуваат да одат напред“, велат од Кабинет на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Притисокот врз Бугарија го засили и САД преку својот нов пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. И покрај притисокот, експертите немаат надеж дека ќе се сменат позициите пред самитите на ЕУ на крајот на годинава.

„Ни ставија до знаење и од Европската Унија дека, се додека преговорите со Бугарија се во застој, не можеме да очекуваме напредок на патот на интеграциските процеси. Мислам дека во времето кое следи ние можеме само да слушнеме повторување на ветувањата и претходните заклучоци дека Република Северна Македонија направи сe што е можно за да ги отвори пристапните преговори. Од друга страна, ова значи дека ние треба да продолжиме со реформите, што е уште поважно за преговарачкиот процес со ЕУ“, рече Ардита Имери, Институт за европска политика.

Бугарија од Македонија бара со дипломатска нота да признае дека нема територијални претензии и не е против малцинствата од другата страна на границата, да се отстрани говорот на омраза кон бугарскиот народ, да се користи терминот „фашистички окупатори“ наместо терминот „бугарски фашистички окупатори во книгите и на спомениците.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button