ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Скрининг во училиштата, ќе се тестираат повеќе од 8.000 ученици

8200 ученици од основните и средните училишта од следната недела ќе бидат тестирани за да се види дали има асимптоматски случаи на коронавирус и дали вирусот се шири во училиштата. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека децата ќе бидат тестирани со дозвола од родителите и дека целиот процес се очекува да заврши за две недели.

Во меѓувреме, Националната комисија за имунизација објави дека по бројните искуства во земјите на ЕУ и Америка, како и препораките на одговорните тела, третата доза, покрај загрозените категории граѓани, може да се даде и на други граѓани.

За загрозените категории граѓани, како и за другите граѓани, третата доза ќе биде Фајзер, без оглед на тоа со која вакцина претходно бил вакциниран граѓанинот. Третата доза се препорачува шест месеци по земањето на втората доза.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button