ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снег, падна – колку што падна, сега ни доаѓа поларен студ

Студ и снежни врнежи утринава ја зафатија земјава. Најмногу снег падна на Попова шапка, односно 44 сантиметри, потоа во Маврови Анови 21 и во Крушево 9 сантиметри. Има планински места каде што патот е непрооден.

Ангелов вели дека до пладне не стигнале барања од високите планински села за евентуална помош или интервенција. Преку денов забрана за сообраќај на тешки возила имаше на патните правци Гостивар – Кичево, Дебар – Маврово и Струга – Ќафасан. Во наредните денови не се очекуваат врнежи од снег, но ќе биде многу студено.

Во поголем дел од земјава во наредните денови времето ќе биде суво со умерена облачност. Ниските температури ќе траат до четврток идната недела.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button