СВЕТ

Русија бара НАТО да се повлече од Бугарија и Романија!

Највисоките американски и руски дипломати за време на средбата, која траеше околу час и половина, не успеаја да ги усогласат ставовите. Американскиот државен секретар Блинкен изјави дека го предупредил својот руски колега на „брз и остар“ одговор доколку Русија ја нападне Украина.

„Подготвени сме за брз, тврд и обединет одговор на каква било форма на агресија на Русија против Украина… Ќе продолжиме решително да се подготвуваме за двете насоки што ги дизајниравме за Русија, патот на дипломатијата и дијалогот или патот на агресија, конфронтација и последици“, рече Блинкен.

Но, Лавров рече дека Русија не претставува закана за Украина и оти нема да ја нападне. Лавров рече дека се надева дека емоциите ќе стивнат по искрените разговори со САД.

„Се договоривме следната недела да ни бидат претставени писмени одговори за нашите безбедносни барања“, рече Лавров.

Имено, Русија сака „повлекување на странски сили, опрема и оружје“ од земји кои не биле членки на НАТО пред 1997 година, вклучително Бугарија и Романија. Но, американскиот дипломат беше јасен за проширувањето на НАТО.

„Нема да отстапиме од основните принципи на одбраната, еден од нив е отворените врати на НАТО, а другиот принцип е дека една нација не може да ги прекрши и насилно да ги менува границите на друга држава“, изјави Блинкен.

Русија собра повеќе од 100.000 војници на Крим и во близина на долгата граница со Украина, што предизвика тревога во западните престолнини дека Москва подготвува воена акција против Украина. Москва веќе ги поддржува сепаратистичките борци во источна Украина, каде животот досега го загубија повеќе од 13.000 луѓе. Конфликтот трае од 2014 година кога , истата година Русија со анектираше Крим.

Семра Мусаи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button