МАКЕДОНИЈА

Спасовски не го потврди името на потпалувачот на КЦ „Иван Михајлов“, МВР бара притвор

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека е приведено 34 годишното лице Л.А од Битола, за потпалувањето на влезната врата на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола на 4 јуни. МВР бара одредување мерка притвор заради тоа што, нагласи Спасовски, се исполнети условите по однос на таквото барање.

Прашан од новинарите дали се работи за Ламбе Алабаковски, министерот Спасовски само посочи дека зборува за лице со иницијали Л.А, кое живее во Битола.

–  Имаше опсежна активност на СВР Битола се преземаа многу активности, многу службени разговори се обавени, прегледан е многу материјал од видео надзор не само од објектот, туку и на повеќе објекти и на основа на сите податоци и информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело, изјави Спасовски, кој денеска е во работна посета на СВР Охрид.

Појасни дека доцна синоќа по наредба на надлежниот суд, по предлог на СВР Битола и надлежниот обвинител, извршен е претрес во домот и во неколку други објекти, што се сопственост на сторителот на кривичното дело и пронајдени се облеката и други предмети што се доведуваат во врска со кривичното дело.

– Имаме несоборливи докази, лицето е приведено во полициска станица и во моментот очекуваме дека ќе биде извесен пред надлежниот судија на претходна постапка, рече министерот за внатрешни работи Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button