ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Среде криза власта фрла пари на партиска забава“

„Среде криза власта фрла пари на партиска забава“

Во време на економска и енергетска криза, каде илјадници граѓани остануваат без работа или не знаат како да преживеат, власта решила да фрла пари на партиска забава, реагираат опозициските партии. Според Алијанса за Албанците, во услови на немаштија власта продолжува да ги ограбува граѓаните преку зголемување на акцизите, даноците и преку криминални тендери. Сега преку прослава се обидува да им фрли пепел во очите на граѓаните.

„Со долгови до гуша, барем музика се слуша – ова е најновата платформа на ДУИ со која се среќаваме во последните две години. Со логиката на Маркс и Ленин, откако го осиромашија, затворија, уништија и деградираа народот, сега сакаат да го манипулираат со музика, концерти и забави. Ги слават своите неуспеси во спроведувањето на Охридскиот договор, а тоа го прават со украдени пари од граѓаните“, изјавија од Алијанса за Албанците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта ги лаже граѓаните дека нема пари за проекти и капитални инвестиции, но се покажува дека има пари за приватна забава на Ковачевски и Груби. Според нив, во услови на криза ДУИ и СДСМ ќе потрошат илјадници евра за партиската прослава на Охридскиот договор.

„Власта на СДСМ и ДУИ е изгубена во просторот и исклучена од реалноста. За еднодневната прослава по повод Охридскиот договор ќе потроши над 70 илјади евра само за прослава и пејачи во време кога државата е во криза и кога граѓаните на Тетово немаат елементарни услови за живот. Министрите во неспособната влада ќе потрошат илјадници евра пари на граѓаните за забава“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Алијанса и ВМРО велат дека „на расипничкото работење на криминалците од СДСМ и ДУИ наскоро ќе му дојде крајот“. Според нив, ова неодговорно постапување на СДСМ и ДУИ граѓаните ќе го казнат на претстојните предвремени парламентарни избори./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button