ВЕСТИРЕГИОН

Српските болници повторно се полнат, стигнуваат сѐ потешки случаи

Директорот на српската Клиника за инфективни и тропски болести, д-р Горан Стевановиќ, по средбата со министерот за здравство, изрази загриженост поради зголемувањето на бројот на хоспитализирани лица со компликации од ковид-19.

“Ние сме многу загрижени за ситуацијата. Имавме тренд на опаѓање, бројот на луѓе на болничко лекување се намали и благодарение на тоа, дел од тој систем, особено надвор од Белград, полека почна да излегува од ковид системот”, рече Стевановиќ по денешната средба на директорите.

Според епидемиолозите во Србија, голем број на заразени лица имаат јасни врски со слободни активности, како што се скијачки центри, спортски настани и планинарење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button