ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Мицкоски

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека го поддржува актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски, по повикот на дел од партиското членство за вонреден конгрес на партијата.

Пратениците упатуваат препорака до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува во соопштението, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, целосно да се почитуваат одредбите од Статутот и безусловно се залагаат да се почитуваат надлежностите на Централниот комитет, Извршниот комитет, Конгресот и другите партиски органи, без да се дозволи нивна злоупотреба од страна на кои било поединци или групи.

-Ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како избрани претставници на граѓаните во Законодавниот дом, како примарна цел ја имаме работата во интерес на народот за подобра економија, подобро здравство, поголема правна сигурност, преку разобличување на актуелната власт која ја претвори државата во хибриден режим, со највисока корупција во Европа. Во овој контекст, пратениците ја даваат својата безрезервна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата, за со заедничко и координирано дејствување да успееме што поскоро да ја поразиме актуелната власт, која што не е дел од решението, туку е дел од проблемот на македонските граѓани, особено во делот на економијата, здравството и образованието, се посочува, меѓу другото, во сооопштението од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button