ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стартуваше зимската туристичка сезона на Попова Шапка

Bashkim Sulejmani

Во празнична атмосфера започна овогодинешната ски-сезона на Попова Шапка. Љубителите на скијањето на располагање ќе ги имаат сите ски-лифтови, а новитет оваа сезона ќе биде ноќното скијање кое нема да биде само на скијачката патека „Тетекс“ туку и во делот наречен „Аеродром“ со дополнителен еден километар осветлена патека.

https://www.youtube.com/watch?v=-AtV

„Имам чест и задоволство денеска официјално да ја отворам туристичката сезона на Попова Шапка. Туристичка сезона 2021-2022. Во овој период имавме многу напорна работа, но благодарение на Бога и помошта на нашите соработници успеавме да дојдеме до овде.“

Настанот беше искористен и за официјално да биде промовиран новоформираниот Национален парк Шар Планина.

„Чест ми е да ви посакам добредојде на свеченото отворање на новиот Национален парк во нашата земја. Националниот парк Шар Планина. Ова е многу важен настан за сите, а особено за жителите на овој регион.“

Денеска и утре ски-лифтовите се бесплатни за сите посетители. Инаку, во моментов на Шапка има околу 70 сантиметри снег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button