СВЕТ

Столтенберг му одговори на папата: На Украина и треба оружје, не бели знамиња

Столтенберг му одговори на папата: На Украина и треба оружје, не бели знамиња

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг го отфрли повикот на папата Франциск до Украина „да го подигне белото знаме и да преговара со Русија“, потенцирајќи дека најдобар начин да се стави крај на конфликтот е да се вооружи Киев.

„Доколку сакаме мирно трајно решение преку преговори, патот до таму е да обезбедиме воена поддршка за Украина“, рече Столтенберг на 11 март како одговор на прашање на Ројтерс за коментарите на папата.

Во телевизиско интервју емитувано на 10 март, 87-годишниот папа Франциск рече дека Украина треба да има „храброст“ да преговара со Русија за да ги спаси животите на сопствените граѓани. Десетици илјади војници од двете страни на конфликтот загинаа војната која трае повеќе од две години.

„Кога ќе видите дека сте поразени, дека работите не функционираат, треба да имате храброст да преговарате“, рече папата.

Украина обнови голем дел од територијата што Русија првично ја зазеде по целосната инвазија на Кремљ на 24 февруари 2022 година. Сепак, толку очекуваната контраофанзива на Украина во 2023 година не постигна голем напредок, предизвикувајќи загриженост дека војната дошла во ќор-сокак./RSE/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button