СВЕТ

Тројца Палестинци уапсени во Италија, планирале терористички напади

Тројца Палестинци уапсени во Италија, планирале терористички напади

Италијанската полиција уапси тројца Палестинци во централна Италија, кои се осомничени дека планирале терористички напади.

Тројцата мажи, кои живеат на околу 120 километри североисточно од Рим, формирале ќелија поврзана со  Ал Акса, вооружена група поврзана со движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, која се смета за терористичка група во Израел, ЕУ и САД.

Полицијата соопшти дека Палестинците се обвинети за злосторничко здружување во терористички цели или за уривање на демократскиот поредок, за што им се заканува затворска казна до 15 години, пишува Ројтерс.

„Осомничените планирале напади, вклучително и самоубиствени напади, врз цивилни и воени цели на странска територија“, соопшти полицијата.

Израел издаде налог за еден од тројцата мажи, а италијанскиот суд го разгледува барањето за негова екстрадиција. Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси ги поздрави апсењата и рече дека Италија е секогаш на готовност против екстремизмот и радикализацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button