ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тендер за компанијата поврзана со Мијалков

Студентите, професорите и кампусот „Св. Кирил и Методиј“ ќе ги обезбедува агенцијата СГС, која СДСМ ја поврзуваше со екс директорот на УБК, а сега неправосилно осуден криминалец Сашо Мијалков. СГС победи на овогодинешниот тендер, оти понудила најниска цена во спредба со другите две агенции за обезбедување кои се јавиле на јавниот повик. Договорот важи една година, а СГС ќе заработи 88 илјади евра. Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, вкупната сума за обезбедување на Универзитетот ќе ја платат:

Биро за јавни набавки

„Ректорат до 900 илјади денари без ДДВ

Економски факултет до 900 илјади денари без ДДВ

Правен факултет до 900 илјади денари без ДДВ

Филозофски факултет до 1 милион денари без ДДВ

Филолошки факултет до 900 илјади денари без ДДВ“

Потпис на договорот ставил ректорот на универзитетот и четирите декани. Договорот предвидува СГС постојани да ги контролира објектите. Да врши контрола на влез и излез на лица од кампусот, но и да спречи ако некој неовластено сака да влезе.

Биро за јавни набавки

„Носителот на набвката е должен да го утврди идентитетот на непознати лица и ако е потребно да ги оддалечи од објектите ако немаат основа за престој“

СГС се обврзала дека квалитетно ќе го изврши договорот со гаранција од половина милион денари. СГС го обезбедуваше „Св. Кирил и Методиј“ за 77 илјади евра лани, а за истата сума го доби тендерот и во 2019 – та година. СДСМ додека беше во опозиција, постојано обвинуваше дека иако на хартија Мијалков не е газда на СГС, тој стои зад агенцијата за обезбедување. СДСМ објави и аудио „бомби“ преку кои тврдеше дека СГС и Мијалков од владата предводена од Никола Груевски, наплатила 15 милиони евра народни пари. Сашо Мијалков речиси четири месеци е во притвор во затворот Шутка. Осуден е на 20 години затвор за нелегалното децениско прислушување и набавката на опрема за прислушување за тајната полиција. Тој не излезе од притвор, ниту со гаранција од над 10 милиони евра.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button