ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Цвета корупција во градежништвото, рушвет за градежни дозволи

Корупцијата во градежништвото цвета, а државните институции се недоволни активни за да ја искоренат. Мито се бара за издавање на градежна дозвола, интересите на инвеститорите се пред интересите на граѓаните, а мал дел од граѓаните пријавуваат корупција поради недоверба во институциите. Ова се дел од заклучоците на невладината Инфоцентар за состојбата во градежништвото и урбанизмот во земјава.

„Урбанизмот и градежништвото и урбанизмот се областите најподлежни на корупција и тоа заради сите спреги коишто постојат, економски интереси, политички притисоци и правни празнини. Неколку планерски куќи во државата добиваат монополска позиција, многу општини си имаат свои миленичиња, надзор вршат над градбата вршат компании за суми од еден денар без никаква економска логика“, вели Билјана Бејкова- Невладина огранизација „Инфоцентар“.

Од Антикорупциската комисија велат дека на хартија постојат многу закони и правила, но тие не се почитуваат.

„Сведоци сме на еден голем парадокс во овој сектор – од една страна има закон кој ја регулира оваа област, а од друга страна имаме закон за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти за кои во Собранието и опозицијата и позицијата гласаа позитивно, иако препораката на Државната комисија во националната стратегија е да се ограничи потребата на овој закон“, изјави Билјана Ивановска, Државна комисија за спречување на корупцијата.

Од Заедницата на локалната самоуправа ЗЕЛС нагласија дека градежните инспекциски служби немаат доволно капацитети, ниту пак државните институции кои би требало да ги гонат оние кои не ги почитуваат законите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button