ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Улогата на родителите во спречувањето и справувањето со училишното насилство

Дидактичкиот триаголник учител-ученик-родител, мора да биде цврсто поврзан во случај да сакаме да помогнеме да се спречи насилството во училиштата. Вака оценуваат од Првата детска амбасада „Меѓаши“, додавајќи дека на стручните служби во училиштата не треба да се гледа како на казнена експедиција, туку како на луѓе кои работат со деца за да спречат каков било облик на насилство.

Самите ученици пак, сметаат дека фокусот не треба да биде само на нивното оценување, туку бараат поголема едукација, а според видувањето на родителите, школското насилство често произлегува од состојбите во семејството.

„Училиштето е местото каде што ние се градиме како личности. Наставниците треба да имаат функција на воспитувачи, а не само на наставници кои нè учат на разни предмети што ги имаме на училиште. Воспитно-образовниот аспект на училиштето треба да се стави во голема хиерархија и да има одредени часови каде покрај учењето, ќе се набљудува и однесувањето на ученикот и промените во неговото однесување“, рече една ученичка.

Овие оценки беа дадени на презентацијата на водич за улогата на родителите во спречувањето и справувањето со насилството во училиштата.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button