ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Универзалниот снабдувач со струја ќе биде познат во следните 10 дена

Денеска се одржа електронска аукција за тендерот за снабдување со електрична енергија на потрошувачите во Македонија во наредните 5 години. Главниот услов беше да се понуди најниска профитна маржа, која сега изнесува 11,5% од актуелниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“.
Покрај „ЕВН Хоум“, на повикот се пријавија и државната ЕСМ и грчкиот ЕДС – „Еnergy Delivery Solutions“, која е компанија ќерка на грчката ППЦ.

„Согласно Законот за енергетика по предлог на Министерството за економија, на 11 декември Владата објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач за наредните 5 години. Владата формираше и комисија составена од вицепремиерот за економски прашања, Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за економија и Македонската академија на науките и уметностите, чиј претседател е академик Глигор Каневче“, велат од Влдата.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи информираше дека денеска ќе бидат само разгледани понудите од електронската апликација дали се комплетни и ги исполнуваат сите критериуми од тендерот. Потоа во следните 10 дена ќе се одлучи кој ќе го добие бизнисот врз основа на најниска профитна маржа. Тоа би влијаело на намалување на цената на струјата од втората половина на годинава.

„Да, тоа е една од идеите дека најниската маржа влијае на цената на сметките за електрична енергија за крајните потрошувачи, треба да се намали. Сепак, правиме напори да создадеме капацитети за обновлива енергија со сите инвестиции и да ја трансформираме зелената енергија, за граѓаните да имаат најниски можни сметки за електрична енергија како крајни потрошувачи“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Актуелниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“, има петгодишен договор кој истекува на 30 јуни летово. Паралелно со ова, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги разгледа цените на струјата, кои според понудите на универзалниот снабдувач, се очекува да бидат пониски.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button