ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Утре ќе знаеме колку ќе платиме за јагленот за РЕК Битола

Државната енергетска компанија ЕСМ утре ќе соопшти колку ќе чини јагленот за кој стигна понуда за потребите на третиот блок за РЕК Битола. На тендерот, според информациите на ЕСМ, биле обезбедени потребните 900 илјади тони. Ако се склучи договор, првите количини се очекуваат да пристигнат во РЕК Битола кон крајот на овој месец. Освен од домашни компании, понуди за јаглен се пристигнати и од фирми од Косово, Босна и Турција. Од Грција не дошла ниту една понуда бидејќи се чини, државата си ги чува резервите за себе. Термоелектраната Осломеј е предвидено да почне да произведува струја со јаглен по 15 ноември. Од електраната Неготино ни рекоа дека ќе чекале да се смири политичката криза, па дури потоа ќе знаат дали и кога Владата ќе почне процедура за набавка на мазут.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button