ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утринава бил сослушан и сопственикот на „Беса Транс“

Утринава бил сослушан и сопственикот на фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека на бугарските колеги им се предадени ДНК профилите на роднините на несреќно загинатите патници во несреќата, записници од осум сослушани сведоци, предметот оформен во Министерството за транспорт и врски за лиценцата на превозникот „Беса Транс“ и целокупната документација за автобусот со кое располага македонското Министерство за внатрешни работи.

„За потребите на обвинителството на Бугарија и на обвинителството на Северна Македонија се продолжува со сослушување и на други лица. Наидовме на целосно разбирање од обвинителството од Бугарија и од утре двајца експерти од Институтот за судска медицина заминуваат во Софија за забрзување на постапката на идентификација на настраданите“, изјави Јовевски.

На прес-конференцијата присуствуваа и Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник и Младен Христов Петров, истражител во Националната истражна служба на Република Бугарија. Тие изразија сочувство до семејствата за трагичната несреќа и изјавија дека координацијата меѓу македонските и бугарските истражни власти е на исклучително високо ниво.

„Ова е страшна несреќа што се случи, и ве убедувам дека координацијата меѓу двете држави е на високо ниво и откако се случи сообраќајната несреќа институциите постојано работат на расчистување на случајот. Продолжуваме со истата активност и бидејќи се работи за обемна документација, не може се уште да се кажат точните причини за несреќата“, изјави Јорданов Михајлов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button