ВЕСТИСВЕТ

Ватикан повторно го отвори случајот со тинејџерката која исчезна во 1983 година – теориите се морничави

Градот Ватикан потврди дека отворил истрага за најпознатиот случај, исчезнувањето на тинејџерка пред 40 години, што предизвика безброј теории, а беше повод и за снимање на хит серијалот „Девојката од Ватикан“ на „Нетфликс“.

Емануела Орланди, 15-годишната ќерка на вработен во Ватикан, последен пат била видена како заминува од час по флејта во Рим на 22 јуни 1983 година. Следеа повеќедецениски шпекулации за тоа што ѝ се случило, со теории кои обвинуваа сè, од мафијаши, Тајната служба, до масоните и ватикански заговори, но ниедна никогаш не е докажана.

Семејството Орланди неуморно ја бараше вистината, а токму нивните барања делумно доведоа до новата истрага. Главниот обвинител на Ватикан, Алесандро Диди, „го отвори случајот, делумно на барање на семејството“, изјави портпаролот во вторникот. Сепак, семејството рече дека сѐ уште чекаат детали за тоа каков ќе биде фокусот на новата истрага.

„Не знаеме што ќе направи Ватикан… кои документи сака да ги прегледа… Ватикан никогаш не направил ништо до сега. Со години барав да ме слушнат водечките личности во Ватикан… но за жал некои луѓе се веќе мртви“, изјави семејната адвокатка Лаура Сгро за АФП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button