ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Веќе се попишани 18.000 лица од дијаспората

Голем интерес за пописот преку онлајн апликацијата од граѓани кои живеат во странство. Во првите два дена биле попишани околу 18 илјади лица. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека системот за попис преку Интернет е безбеден.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека бугарските граѓански организации во земјава треба да аплицираат за посебни графи за попишување, но директорот Симовски нагласи дека графа за Бугарин веќе постои.

Паралелно со онлајн пописот на дијаспората, се одвива и пописот на бездомниците во земјава, на затворениците и на дипломатските претставници.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button