ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Ерупција на вулкан во Индонезија евакуира 11 илјади жители, постои можност да се случи цунами

Повеќекратни ерупции на вулканот на планината Руанг во Северна Индонезија беа причина за евакуација на повеќе од 11 000 луѓе во регионот, како и на прекин на авиосообраќајот, пренесува Си-ен-ен.

Индонезиските власти стравуваат дека ерупциите на вулканот и одроните во морето можат да предизвикаат цунами. Вулканот која се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, по првпат еруптирал пред два дена, а досега најмалку пет пати исфрлал лава и пепел.

Властите го подигнале предупредувањето за вулканот на највисоко ниво, апелирајќи жителите да не одат кон врвот на планината, поради можноста планината делумно да се урне во морето и да предизвика цунами, како што се случило во 1871 година.

„Силата на ерупцијата на планината Руанг станува сè поголема и емитира жешки облаци од приближно 1,7 километри. Ерупциите биле предизвикани од неодамнешните земјотреси во областа“, велат индонезиските власти.

Според вулканолозите, планината Руанг е стратовулкан, а тие често произведуваат експлозивни ерупции поради акумулација на гас во карпестите форми. Островот Руанг е дом на околу 800 жители, кои привремено се преселиле на соседниот остров Тагуланданг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button