СПОРТ

(ВИДЕО) Кунг-фу потег на Видал вреден за црвен картон

Чиле ја прекина својата победичка серија во квалификациите и рано утрово претрпе непријатен пораз на домашен терен од Еквадор (0:2), неуспех во кој свој удел имаше и еден од најискусниоте во домашниот тим.

Еквадор рано поведе со голот на Еступињан во деветтата минута, но само пет минути подоцна, задачата за гостите стана доста полесна поради бруталниот старт на Артуро Видал.

„Кинг Артуро“ беше крајно невнимателен и со кунг-фу потег го нокаутираше противникот Феликс Торес, по што неминовно беше да добие исклучување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button