ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Пожар во Копенхаген – гори историски споменик на Данска

Во зградата на старата берза во Копенхаген, една од најпознатите згради на данската престолнина од 17. век, избувна пожар и ја урна грандиозната купола врз покривот.

Засега нема извештаи за повредени.

Снимките во живо од локалните медиуми покажаа дека луѓето носат големи слики надвор од зградата за да ги спасат од пламенот.

Историската зграда, чија кула имаше облик на испреплетени опашки на четири змејови, беше во реновирање кога избувна пожарот.

Во зградата, изградена во холандски ренесансен стил, повеќе не е сместена Данската берза, туку служи како седиште на данската стопанска комора, пишува Гардијан.

„Нѐ пречека страшна глетка. Берзата гори“, пишуваше на профилот на ДГК на социјалната мрежа Икс.

Полицијата во Копенхаген побара од луѓето да избегнуваат возење низ овој дел од градот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button