СВЕТ

(ВИДЕО) Судар на возови: Повеќе од 150 повредени

Повеќе од 150 патници се повредени во судир на два воза што се случи утринава во близина на Барселона, Шпанија.

Итната помош соопшти дека досега се пријавени околу 150 полесни повреди, а пет се здобиле со малку посериозни повреди, пренесуваат медиумите.

Портпаролката на итната помош потврди дека на местото на несреќата се испратени 18 медицински екипи.

Несреќата се случила откако еден воз се судрил со крајот на друг воз на станица во Монткада и Реикак, мал град северно од Барселона. Тројца од нив поради повредите се пренесени во болница, а едно лице наводно го скршило скочниот зглоб.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button