ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вилма Русковска пред разрешување

По покренувањето постапка против тројца јавни обвинители за можни дисциплински прекршоци и Законот за јавни обвинители, денеска и официјално беше побарано разрешување на поранешната шефица на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. За обвинителката Ивана Трајчева се бара шест месеци да добива 30 отсто пониска плата, додека за обвинителката Елизабета Јосифовска не беше констатирана дисциплинска повреда и таа е ослободена од одговорност.

„За поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи до Советот на јавните обвинители да поднесе предлог за нејзино разрешување“, наведуваат од ОЈО.

Сега и двете обвинителки имаат право на жалби. Иницијативата за поведување на дисциплинска постапка ја покрена главниот обвинител Јовевски, кој при тоа и ја суспендираше Русковска од работа.
Сето ова се случи поради незаконскиот упад во Финансиската полиција лани на 16 јули, по што без својата функција остана и нејзиниот поранешен директор, Арафат Муареми.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button