ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вкупно 440 илјади македонски граѓани примиле вакцина против ковид-19

До сега во земјава се аплицирани вкупно 700 193 дози вакцини протов ковид 19. Од нив заклучно со вчера, се вакцинирани вкупно 440 299 граѓани, а ревакцинирани 259 894.МИнистерството за здравство тврди дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува.

Во текот на вчерашниот ден прва доза на вакцина примиле 5401 граѓанин, а ревакцина, односно втора доза примиле 12 821 лице. Според податоците на министерството барем една доза вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години, 55 отсто повозрасни од 65 години, 50 проценти од населението над 60 години и 40 проценти од граѓаните што имаат над 50 години.

„Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата“ се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button