МАКЕДОНИЈА

Владата ќе ги продава Македонски пошти, а спрема и нешто друго

Ќе се бара партнер или нов сопственик за државната Пошта. Владата се решила на ваков чекор поради загубите во неа. До крајот на годинава треба да се направи физибилити студија. Таа треба да покаже дали поштата да се приватизира или да стане јавно-приватно партнерство со некоја друга фирма. Економскиот ресор во Владата проценува дека со продажбата на Пошта или преиначување во јавно-приватно партнерство ќе се нудат подобри услуги за граѓаните и фирмите.

„Адекватно раководење со јавните средва не е јавните средства да се трошат на загубари, туку на тоа што ќе го направи животот на граѓаните поквалитетен и подобар. И затоа сметаме дека овој пристап треба да биде кон сите јавни претпријатија коишто недоволно добро функционираат во изминатиот период дека истиот пат ќе следи и за нив во наредниот период.“

Премиерот Заев веќе ги обелодени државните компании за кои се планира јавно-приватно партнирство. Тоа се државните Железници-транспрот, ТЕЦ Неготино, Еурокопозит, велешка Колска. Пошта е првата на владиниот список. Таа изминатите години трпи загуби. Последниот извештај на ревизорите покажа дека Пошта е во загуба со околу 10 милиони евра. Кроењето на судбината на поштата, според Битиќи, нема да влијае врз државната компанија да избере нова банка соработник, откако пропадна Еуростандард. Досега се понудиле осум банки за платниот промет на Пошта да се врати во игра.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button