ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владина делегација положи цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел, во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

– Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Северна Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Венци со цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положиле и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Делегација на Собранието на Северна Македонија, на Армијата на Северна Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button