ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта ќе ја менува методологијата за броење починати од КОВИД

Комисијата за заразни болести ќе размислува за промена на протоколите за идентификација на бројот на починати лица кои се регистрирани како жртви на Ковид19. Ова значи дека не секој починат пациент ќе биде тестиран за Ковид за да влезе во списокот на смртни случаи од вирусот. Од Министерството за здравство за АЛСАТ велат дека ова прашање ќе се разгледува по измените во Комисијата за заразни болести.

„Комисијата за заразни болести внимателно ги следи сите аспекти и искуства и врз основа на стручното мислење на нашите експерти од различни области ќе пристапиме кон ова прашање. Самата Комисија ќе биде дополнета со други стручни лица…“

 И во овој петти бран на корона вирусот, С. Македонија продолжува да бележи најголем број жртви на дневна основа, споредено со речиси сите други во регионот. Додека некои од нашите соседи не регистрираат ниту еден случај на починат или јавуваат за низок број, Македонија секојдневно регистрира двоцифрена бројка на жртви.

Експертите велат дека има голем број фактори кои влијаат на големиот број смртни случаи. Според микробиологот Никола Пановски, Министерството за здравство треба да направи детална анализа која ќе ги открие причините за високата смртност за да може да се пристапи кон решавање на проблемот.

Детална анализа за причините за високата смртност неколку пати најавуваше и поранешниот министер за здравство Филипче, но никогаш не ја спроведе. Она што досега е познато е дека повеќето случаи кои завршуваат со смрт и се позитивни на Ковид19 се поврзани и со други хронични заболувања.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button