ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Ако се точни извештаите на бугарските медиуми, тоа би значело национално предавство

Опозицијата се спротивставува на тоа што е исклучена од преговорите со Бугарија. Според ВМРО ДПМНЕ, ако се точни извештаите на бугарските медиуми кои пишуваат дека Заев предложил решение за јазикот, тоа би значело национално предавство.

Партијата на Мицкоски вели дека нема да го признае и ќе се откаже од таквиот договор кога тие ќе дојдат на власт. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вел дека најпрво треба да има политички консензус за преговорите со Бугарија.

„Скептични сме за тоа дали ќе може да се најде решение, со оглед на тоа што во Бугарија имаме техничка влада. Во однос на тоа дали сме биле консултирани или информирани, можам да кажам дека оваа Влада е крајно неодговорна, во смисла дека зборуваме за одлука која треба да биде транспарентна и инклузивна, со оглед на тоа дека станува збор за судбина на нашите граѓани тука и надвор. Мислам дека треба да има политички консензус за да има легитимитет“, изјави Бујаре Абази, Коалициона алијанса за Албанците и Алтернатива.

СДСМ вели дека нема да се преговара за ништо друго, туку само врз основа на Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година.

Бугарскиот претседател Румен Радев по вчерашната средба со премиерот Зоран Заев го критикуваше договорот од 2017 година потпишан од претходната влада на Борисов, велејќи дека тој нема услови и обврзувачки рокови и овозможува варијабилни одлуки и активности.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button